Таравари: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

Арбен Таравари изјави дека се очекува преговорите да завршат следната недела.

“Јас верувам дека следната недела преговорите ќе бидат завршени. Тимовите интензивно работат на владината програма, но истовремено верувам дека од понеделник ќе почне и поделбата на ресорите.Во моментов е многу позитивна атмосферата, има разбирање од двете страни и многу сум оптимист дека до петок, ќе го имаме финален договор за идната влада,”рече Таравари.

Во однос на случувањата во Управниот суд за донесување на решението за прегласување, Таравари обвини дека претседателот на Управниот суд вршел притисок врз судиите.

“Од утрото имам информации дека има вонреден притисок од претседателот на Управниот суд кој врши притисок врз судиите кои треба да го одработат предметот за прегласување. Посакувам и се надевам дека судијата мисли дека судијата може да биде одговорен за сите, вклучително и за судијата, доколку продолжат да вршат притисок”, рече Таравари, додавајќи дека судиите треба да одлучуваат непристрасно и правично.

Поврзани објави
Total
0
Share