Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Лидерот на колаицијата „Вреди“, Арбен Таравари, потврди дека по првиот круг од претседателски избори во средата имал телефонски контакт со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Вели дека добро е тоа што партијата – освојувач на најголем број на гласови е свесна, како што вели, за багажот што го има албанската опозиција.

„Предлогот на Мицкоски покажува дека и ВМРО разбрала каде е тежината на гласот и на пратениците Албанци. Но, нашиот фокус како коалиција и како партија е работата за изборите на 8 мај, за најголем број мандати. По изборите ќе се водиме од националниот интерес на Албанците, од итната потреба да се исчисти власта од корупција и од нашата непреговарачка прозападна ориентација.

Ние како ВЛЕН сме пообединети од кога било. Нашиот глас е мнозинство од гласовите на Албанците. Нашите мандати одат кај пратениците Албанци. Бидејќи ние го штитиме напредокот на Албанците, не ги продаваме и не ги купуваме!“, порача Таравари.

Поврзани објави
Total
0
Share