Кандидатот за претседател од коалицијата Вреди, Арбен Таравари, во придружба на потесното семејство го оствари правото на глас на избирачкото место во ООУ „Единство-Башкими“ во Гостивар.– Чест и задоволство е со моето семејство да гласаме, што ни е граѓанска должност. Посебно задоволство е што малиот син првпат гласа оваа година. Мојата порака до сите е овие избори да бидат фер и демократски и да победи подобриот. Ние секој резултат ќе го прифатиме. Атмосферата е добра, има ентузијазам и гледам дека граѓаните масовно излегуваа, што е добар знак за опозицијата, изјави Таравари.
Поврзани објави
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24
Мицкоски од Тетово: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит
Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во…
19.06.24 15:04
Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото
РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева…
19.06.24 14:57