Таравари на средби со граѓани во Старата скопска чаршија

Претседателскиот кандидат од Коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари, како дел од предизборната кампања денеска оствари средби со граѓани, како и неколку посети на мали бизниси што се наоѓаат во Старата скопска чаршија.

– Ние како Коалиција „Вреди“, односно како албанска опозиција, им ветуваме на луѓето дека тука ќе се вложи и ќе се инвестира, бидејќи мислам дека Скопската чаршија е оставена на маргините, а заслужува многу повеќе, рече Таравари.

Досегашната предизборна кампања Таравари ја оцени како коректна, нагласувајќи дека Коалицијата „Вреди“ води позитивна кампања и внимателно ги следи останатите претседателски кандидати.Единствена забелешка, вели Таравари, се притисоците кои се вршат врз вработени во администрацијата од страна на нивните директори и раководители, но како што рече, промените во албанскиот блок се видливи.– Досега кампањата е коректна, освен некои притисоци кои што се вршат од страна на директори и раководители врз вработени во администрацијата кои секојдневно ни пишуваат. Промените се видливи и веќе не се работи за тоа кој ќе биде идна влада. Се надевам дека што побрзо ќе помине овој период и на 9 мај, на Денот на Европа, ќе имаме нова влада со нов состав, рече Таравари.Вели атмосферата во албанскиот блок е слична со онаа од 2016 година кај македонскиот блок.

– Ние започнавме многу рано, уште од 3 февруари ние сме во пред кампања и не сме уморни, бидејќи луѓето ни даваат позитивна енергија. Ваквата позитивна енергија ме потсеќа на тоа како беше кај македонскиот блок во 2016 година, сега исто така е кај албанскиот блок. Постои преголем ентузијазам и еуфорија, вели Таравари.

Поврзани објави
Total
0
Share