Таравари: На Села ќе му го дадам печатот и логото само да не оди во коалиција со ДУИ

Претседателот на Алијанса за Албанците и кандидат за шеф на државата Арбен Таравари денеска упати последен повик до приврзаниците на Зијадин Села да ги земат печатите на партијата со цел да создадат листа со кандидати со пратеници само од тој политички субјект.

Повикот доаѓа во пресрет на денешното Собрание кое за попладнево го свикаа приврзаниците на Села.

Таравари оцени дека неговите поранешни сопартијци ако не ги прифатат печатите ќе завршат како членови на ДУИ.

– Пред да се одржи тоа Собрание јас уште еднаш апелирам ако е пречка печатот на партијата слободно јас ќе им го дадам и логото и печатот нека излезат сами на избори, барем да имаат политичка конзистенција, оти јас и ние кои сме огромниот дел од Алијанса за Албанците имавме сомнеж дека некои наши функционери многу се доближија до ДУИ. По овие избори јас ви гарантирам дека тие, ако влезат на исти листи со ДУИ крајот ќе биде заедничка партија, сите ќе завршат во ДУИ. Уште еднаш апелирам доколку сакаат нека ги донесат листите ќе ги потпишам ќе им ги дадеме и печатите и логото на партијата да го користат само нека одат сами, ако сè уште стои тој конзистентен нивен став – изјави Арбен Таравари денеска од Тетово.

Поврзани објави
Total
0
Share