Таравари за РТК:ВРЕДИ ќе има претседател на Собранието и шест министри во новата Влада

Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри, вели за РТК, претседателот на „Вреди“, Арбен Таравари.

„Верувам дека една од трите главни функции на државата, имено претседател на парламентот ќе продолжи да биде Албанец и значителен број министри, особено таму каде што имаме експерти, ние како партија ВЛЕН ќе ги именуваме. Верувам дека таму застапеноста ќе биде достоинствена, со стручни луѓе“, рече тој.

Таравари уверува дека конституирањето на Собранието ќе се случи на крајот на овој месец, додека новата Влада се очекува да биде изгласана во првиот дел на јуни.

„Конституирањето на Собранието е планирано да се случи некаде на крајот на овој месец, месец мај, а во меѓувреме кон крајот на следната недела ќе ги имаме и кадровските избори и владината програма. По конституирањето на Собранието, претседателот на државата мора да му го даде мандатот на следниот претставник. Во првата половина на јуни сигурно ќе ја имаме новата Влада“, рече тој.

Поврзани објави
Total
0
Share