Таравари: ВРЕДИ единствена албанска опција на 8ми мај, промената доаѓа

Арбен Таравари во презентацијата на изборната програма на ВРЕДИ рече дека оваа програма вреди и за луѓето и за програмата.Таравари истакна дека сегашниот Устав има недостатоци и не ја претставува реалноста во државата. „Убедени сме дека сегашниот Устав има недостатоци, ограничен е и во многу делови не ја претставува денешната политичка, социјална и етничка реалност во државата“, рече Таравари.Таравари потенцира дека промената е неопходна, додека заедно со промената мора да се смени и Уставот за да почнат преговорите со ЕУ.“Ќе започнеме голема дебата и ќе изградиме консензус за нов, подемократски и модерен Устав, кој ќе ја редефинира државата како рамноправна држава на две мнозински заедници“, рече Таравари.На крајот Таравари нагласи дека на 8ми мај на изборите има само една албанска опција а тоа е коалицијата ВРЕДИ.

Поврзани објави
Total
0
Share