Судот во Москва им одреди притвор на четворицата осомничени за масакрот во трговскиот центар

Приведени се Мухамедсобир Фаиз, Далерјон Мирзоев, Саидакрами Рачабализоди и Шамсидин Фаридуни, кои на рочиштето ја признаа вината.

Руските медиуми вчера објавија дека Мирзоев и Рачабализода ја признале вината.

Тие четворица, како што претходно соопшти ФСБ на Русија, беа уапсени на 23 март, во близина на руската граница со Украина, и обвинети за тероризам.

Во терористичкиот напад извршен на 22 март во концертната сала Крокус Сити Хол, според последните податоци, загинале 137 лица, меѓу кои и три деца.

Повредени се 180 лица, од кои 142 лица се хоспитализирани.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

Поврзани објави
Total
0
Share