Судиите бираат двајца нови членови на Судскиот совет

Судиите денеска гласаат за два нови члена на Судскиот совет, еден од редовите на врховните судии и еден од апелационотo подрачје Битола… На избирачките ливчиња од редот на врховните судии се кандидатите Цветанка Периќ и Исамедин Лимани, а од битолското апелациско подрачје се судиите Александар Камбовски, Татјана Сусулеска – судии на Апелационен суд Битола и Александра Поп Стефанија – судија на Основен суд Охрид… Судскиот совет не ѝ дозволи на судијката Цветанка Периќ да се повлече од изборите, иако таа поднесе известување дека се повлекува од изборната трка од здравствени причини…

Гласањето за избор на членови на Советот од редот на судиите почна во 8 часот и трае непрекинато до 15 часот. Судиите кои гласаат се идентификуваат со судиска легитимација и гласаат тајнo. По затворање на гласачкото место Избирачкиот одбор најдоцна до 18 часот составува записник за текот и резултатот на гласањето и ја известува Комисијата за избор. Комисијата за избор ги сумира резултатите од изборните места и го утврдува изборниот резултат во изборните единици најдоцна во рок од 48 часа од моментот на затворање на изборите и е должна преку веб страницата на Советот да обезбеди јавноста директно да го следи сумирањето на изборниот резултат. Согласно Законот за судски совет членовите на Советот од редот на судиите имаат мандат од шест години со право на уште еден избор по истекот на најмалку шест години од престанокот на претходниот мандат во Судскиот совет.

Поврзани објави
Total
0
Share