Студентите имаат потреба од намалување на финансискиот товар при студирањето и дигитализација на факултетите

Извршниот директор на Форумот за образовни промени Бленди Ходаи порача  дека  денешниот настан има за цел креирање на платформа преку која ќе се дискутира за овие проблемите заради полесно изнаоѓање на решенија.

„Целта е да создадеме една платформа преку студентскиот форум каде сите студенти на државни и приватни универзитети ќе се соберат за да се дискутираат проблемите со кои се соочуваме и решенијата кои треба да ги преземеме. Од друга страна, мило ми е што вчера седум униеверзитети во државава потпишаа заедничка декларација за формирање на националното студентско тело кое ќе биде легитимна неформална платформа каде ќе се здружат за да можат да ги засилат нивните капацитети и претставниците на студентите ќе можат полесно да ги застапуваат проблемите на студентите“, рече Ходаи.

Според Ходаи, изминатиот период биле направени истражувања кои ги потврдиле моменталните проблеми на студентите.

„Форумот за образовани промени во последниот период направи истражување во однос на тоа колку финаниски импликации имаат студентите да завршат четири или пет години факултет во земјата и видовме дека финансискиот товар е многу поголем од тоа што знаеме дека е само партиципација за семестар, а за да се реши финансискиот товар потребно е да имаме бесплатно високо обраозвание во првиот циклус на студии. Вториот проблем кој многу се адресира е фактот што нашите универзитети, особено државните, не се дигитализирани воопшто освен „Гоце Делчев“ и тоа е една голема мака на студентите затоа што секоја година кога треба да се пријават и да се прават записи на семестри студентите чекаат три саати ред на студентски прашања и тоа не треба да се случува“, потенцира тој.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share