Стоилковски: Преговарачкиот процес со коалиционите партнери се базира на принципи и е во напредна фаза

Преговарачкиот процес за идната влада се базира на принципи, пред се на евроинтегративниот процес, борбата против криминалот и корупцијата, како и од потребата од одредени реформи за забрзан економски развој, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.Тој додаде дека во тој контекст ВМРО-ДПМНЕ внимава и на персоналните решенија кои што се нудат во коалициските преговори при што истите не треба да бидат ниту компромитирани на било кој начин и да се посветени кон работата и реформите кои што ќе следат.

Посочи дека во преговорите се внимава на квалитетот на самата поделба и на бројката која што ВМРО-ДПМНЕ ја има во освоени пратеници за овој парламентарен состав.

Поврзани објави
Total
0
Share