Стоилковски: Ковачевски наметнува нови даноци, Фрчкоски не му враќа 4 милиони долари, а нема санкција

Ниту Бујар Османи, ниту Димитар Ковачевски не одговорија каде се 4 милиони долари од поделбата на имотот на поранешна Југославија што и припаднаа на Македонија? Зошто Фрчкоски не ги враќа парите во буџетот? Дали ќе се санкционира ваквото однесување на Фрчкоски, во моменти кога Ковачевски воведува нови даноци заради празната државна каса, а Фрчкоски не враќа 4 милиони долари, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Ова, како што вели е огромен скандал.

„Недозволиво е два дена да нема одговор зошто Љубомир Фрчкоски не ги префрла 3 милиони и 400 илјади американски долари од сметката на Постојаната мисија на Македонија при ОН во државниот буџет? За потсетување, 3,4 милиони веќе се префрлени на сметка на Мисијата на Фрчкоски, а се очекуваат уште 600 илјади американски долари“, додава Столковски.

Османи и Ковачевски, вели тој, мора да одговорат дали во декември лани и во јуни годинава испратиле инструкции до Фрчкоски парите да бидат префрлени во државниот буџет?

„Османи и Ковачевски мора да одговорат зошто е потребно дури на два пати, декември и половина година потоа, во јуни годинава по втор пат да праќаат исти инструкции амбасадор да врати пари од сметка во буџетот? Дали Фрчкоски одбива соработка со министерството и со владата? Дали е тоа дозволено самоволие и непочитување на инструкции од Фрчкоски – парите не ги префрла во буџетот на државата, тоа одбива да го направи и ги држи на сметката на Мисијата.
Мора да се знае какви инструкции има амбасадорот Фрчкоски за трошење на државните 4 милиони долари? За што се планирани овие пари, дали воопшто се планирани ако се бараат во буџетот, или на повидок е потенцијална матна зделка? И најважното прашање – зошто Димитар Ковачевски молчи за скандалот, ако не бил информиран, сега веќе би требало да знае за сето ова“, додава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашува дали Македонија ќе доживее уште еден скандал од транзицискиот политичар, којшто веројатно смета дека како амбасадор може да не почитува инструкции и на сметка на Мисијата да присвои пари на граѓаните на Македонија, за можни матни зделки практикувани во 90-тите години како на пример за скапи коњи, луксузни очила за сонце, кога амбасадорот беше министер.

Според Стоилковски, Македонија тоне во сиромаштија, се измислуваат нови даноци и давачки, криминалот, корупцијата, неказнивоста и самоволието цветаат а само избори се спасот.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share