Стејт департмент: САД цврсто посветени на Преспанскиот договор

Соединетите Американски Држави остануваат цврсто посветени на Преспанскиот Договорот и евроинтеграцијата на Северна Македонија, порачаа претставник на Стејт департментот, по изборите одржани на 8 мај.

Ставот на претставникот на американското министерство дојде како одговор на прашање на грчките дописници во Вашингтон – дали новата претседателка го прекршила Договорот, нарекувајќи ја при заклетвата нашата земја Македонија, а не Северна Македонија, како што е нејзиното уставно име.Катимерини, пак, известува за телефонски разговор меѓу Алексис Ципрас и Зоран Заев. Двајцата поранешни премиери на Грција и на Македонија изразија загриженост од растечкиот националистички популизам од двете страни кој го нарекоа лицемерен и опасен.

Поврзани објави
Total
0
Share