Ставени во црни ќеси и обвиткани со селотејп – запленети 98.000 евра на граничниот премин „Богородица“

Инспектори од мобилните тимови при Царинската управа, на граничниот премин „Богородица“ запленија 98.000 евра од македонски државјанин кој се обидел нелегално да ги изнесе од државата.

Како што информираат од Царинската управа, на 26-ти овој месец, околу 21 часот на излез од државата се пријавил автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Гостивар – Истанбул. При контрола на автобусот и патнците, во лична ташна на еден од патниците царинските инспектори откриле непријавени четири пакувања ставени во црн најлон и обвиткани со селотејп трака во кои се наоѓале вкупно 100.000 евра.

„Согласно Законот за девизно работење, на патникот му се вратени 2.000 евра – износ што резидент може да го изнесе без да го пријави, а останатите 98.000 евра се привремено одземени. Против лицето е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд“, се наведува во соопштението од Царинската управа.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share