Српски медиум објави детали за жената во која пукаше Албанец од Македонија

Србинката во која Албанец од Македонија пукаше го оставила сопругот и двете деца и побегнала со него во Швајцарија.

Триесетгодишната В.Ј. од Велика Дренова е повредена кога се скарала со маж во автомобил, по што излегла од возилото, а тој испукал два куршуми во неа, по што се самоубил. Како што велат за „Блиц“ познаници на повредената, таа е родена и живеела во Велика Дренова кај Трстеник.

„Нејзиниот татко е Пакистанец, но, колку што знаеме, не се живи ниту мајка и ниту татко. Има и две сестри. Човекот кој пукал во неа бил нејзиниот емотивен партнер. Претходно живееше во село Угљарево, каде што беше мажена“, вели соговорник на „Блиц“.

Според него, В.Ј. има две деца, но ги оставила откако заминала со човекот кој пукал во неа.

„Таа е родена и живеела со семејството во Велика Дренова. Потоа се омажила во Угљарево, исто така село до Трстеник. Ги остави децата и отиде со тој Македонец во Швајцарија. Во Врњачка Бања од родителите наследила недвижен имот“, вели тој.

Како што пишува „Блиц“, В.Ј. (30) половина час по полноќ, во придружба на екипа на Итната помош од Врање, со рани од огнено оружје е донесена во УЗ УКЦ Ниш.

По извршениот преглед, констатирани се повреди на душникот, вратните пршлени и влегување воздух во градната празнина, како и контузија на белодробното крило од левата страна.

Поврзани објави
Total
0
Share