Српски медиуми: Одрекување од Косово и официјално стана услов за членство на Србија во ЕУ

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) усвоија измени и дополнувања на поглавјето 35 во пристапните преговори на Србија со ЕУ кои се однесуваат на обврските на Србија што произлегуваат од договорот кој беше постигнат лани во Брисел и во Охрид.Станува збор за формална потврда на измените кои државите членки ги усвоија на ниво на амбасадори на 15 април, со што тие и официјално станаа составен дел од преговарачкиот процес за членство на Србија во ЕУ.„Србија треба во целост да ги примени своите обврски кои произлегуваат од договорот на патот кон нормализација со Косово, во склад со анексот за имплементација договорен на 18 март“, се наведува во усвоениот текст во кој РТС имаше увид.

Тоа практично значи дека Србија мора да прифати Косово да стане член на Обединетите Нации (ОН), што и сега претсатвува официјално барање на Брисел за натамошен пат на Србија кон ЕУ, пишува Новости.Во документот се вели и дека „сите расправи поврзани за примена на договорот ќе се одвиваат во рамки на дијалогот под покровителство на ЕУ“.По формалната потврда, се очекува дека измените ќе бидат проследени до Србија во писмена форма.Во документот, како што пренесува РТС, се вели дека на ист начин ќе биде дополнета и агендата на „Специјалната група на Косово за нормализација, за да можат се вклучат и обврските на Приштина кои произлегуваат од Договорот“.Во точката 3 од Анексот за имплементација од Охрид од март лани е предвидено дека обврските од овој договор ќе станат составен дел од пристапниот процес за Белград и Приштина.Во случајот на Белград, станува збор за преговарачкото поглавје 35 кое се занимава со Косово. Тоа поглавје, заедно со поглавјата 23 и 24 за владеење на правото, има посебна тежина во преговорите за членство.Според преговарачката рамка, немањето напредок во тие области може да го забави или запре напредокот и во сите други преговарачки поглавја.

Поврзани објави
Total
0
Share