Средба на Европскиот фронт и ВМРО ДПМНЕ за Законот за организација на министерствата и заеднички дијалог

Вечерва се одржа средба меѓу претставниците на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Европски фронт.На средбата присуствуваа Александар Николоски, Владо Мисајловски, Никола Мицевски и Стефан Андоновски, а од коалицијата Европски фронт беа Мендух Тачи, Блерим Беџети, Фатон Ахмети и Елми Азири.

На средбата се разговарало за предложените измени на Законот за организација на работата на органите на државната управа, во кој случај ВМРО-ДПМНЕ образложиле дека измените на законот, кои треба да донесат поголема ефикасност, транспарентност и реформи, како и рационализација.Законот е подготвен со поддршка на меѓународните партнери на државата и е дел од ИПА програмата на Европската Унија.

Претставниците на коалицијата Европски фронт изразија поддршка за измените во законот и информираа дека ќе гласаат за одобрување на законот.Во рамки на средбата се разговараше и за меѓусебниот дијалог меѓу власта и опозицијата, при што беше прифатено барањето на коалицијата Европски фронт за кратко време Собранието да формира ад хок комисија со Претседавач предложен од опозицијата кој ќе ја следи правичната застапеност на сите етнички заедници во органите на државната управа и двапати годишно ќе го информира Собранието за неговата работа.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share