Спасовски: Криминалот во првите шест месец годинава е намален за 12.9 проценти

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку социјалните мрежи денеска информира дека има намалување на криминалитетот во првите шест месеци од годинава за 12,9 проценти во споредба со истиот период лани.

„Безбедносната состојба е генерално стабилна на целата територија, без регистрирани инциденти од поширок размер, при што стапката на вкупниот криминалитет изнесува 536 пресметано на 100.000 жители и истата е намалена во споредба со истиот период од минатата година кога изнесуваше 615,4“, стои во објавата на Спасовски на „Фејсбук“

Во овој период регистрирани се 9.844 кривични дела во споредба со лани кога биле регистрирани 11. 304 кривични дела.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share