Спасовски за БРИФ: Градежните активности на МВР продолжуваат – за подобри услови на вработените и подобри услуги кон граѓаните

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за порталот БРИФ одговараше на прашање во врска со градежната офанзива на Министерството во однос на изградба и реконструкција на објекти на МВР која ги одбележа изминатите неколку години.

„Досега можеме да се пофалиме со 80 реконструирани објекти на МВР на територија на цела држава, кои сега се енергетско-ефикасни, со што ги подобривме условите за работа на полициските службеници, но и услугите за граѓаните. Оваа градежна експанзија, како што ја нарековте, е вистински показател дека ова раководство, гледајќи ги затекнатите услови во кои работеше полицијата, реши освен залагањето за повисоки лични примања, а со тоа и подобар стандард за вработените, да го постави како приоритет и подобрувањето на условите за работа. Тоа подразбираше меѓу клучните приоритети да бидат градба на нови згради, реконструкција на постојните, купување на опрема, осовременување на методите во кои што ние сите заедно работиме и, конечно, подобрување и на условите во кои граѓаните ќе ги остварат услугите што ги дава МВР”, истакна министерот Спасовски, додавајќи дека успешноста е токму заради домаќинското работење. Притоа, тој ги наведе досегашните капитални проекти како и отпочнатите и планираните реконструкции на објекти на МВР.

„Со домаќинско работење успеавме да се избориме за отпочнување на изградба на сосема нова зграда на Полициската станица Аеродром и на Единицата за внатрешни работи Аеродром, која беше во многу лоша состојба. Пред неколку дена го поставивме и камен темелникот за овој објект кој ќе биде на три нивоа, со опфатени сите неопходни содржини и простории кои се во согласност со полициските и меѓународно прифатените безбедносни стандарди и нормативи, секако со исполнети барања за енергетска ефикасност. Истовремено, започнуваме со реконструкција на Центарот за обука, реконструкција на Одделот за управни работи во Скопје… За многу кратко време, планирано е веќе наредниот месец да ја пуштиме во функција новата зграда на Одделот за форензички испитувања. Тоа се сѐ капацитети, додадена вредност која што значи подобрување на условите за работа, меѓутоа и зголемување на подготвеноста на македонската полиција во гарантирање на мирот и стабилноста”, рече министерот Спасовски.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share