Спасено куче- далматинец во реката Вардар

Заловувачите од јавното претпријатие Лајка викендов спасија куче од расата далматинец, кое било паднато во реката Вардар. Кучето било исплашено, исцрпено и сосема немоќно да излезе од реката.

„Благодарение на брзата и успешна интервенција, кучето беше извлечено на брегот и згрижено во прифатилиштето, сѐ до пронаоѓањето на сопствениците. Некогаш е прашање на миг дали животното ќе загине или ќе преживее. Во различни околности, доаѓа до различни завршници, затоа јавно упатуваме апел до сите сопственици на миленици секогаш да внимаваат на своите кучиња, да не ги пуштаат да шетаат без контрола и да бидат пример за одговорно сопствеништво“, се наведува во соопштението од Лајка.

Поврзани објави
Total
0
Share