СПАК побара апсење на поранешниот албански вицепремиер Ахметај

Албанското Специјално јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, го комплетира обвинението против поранешниот вицепремиер Арбен Ахметај и денеска достави официјален допис до Собранието за одземање на пратеничкиот мандат.

– СПАК поднесе барање за да добие дозвола од Собранието за апсењето на Ахметај, кој е под истрага за аферата со инсинератори. Против него се поднесени четири кривични пријави, за злоупотреба на службената положба, пасивна корупција, перење пари и лажно пријавување и прикривање имот. За овие обвиненија е побарано негово апсење. Заедно со дозволата за апсење е и онаа за контрола на неговиот стан, како и на неговите мобилни телефони, јави агенцијата Балкан веб.

Претходно СПАК изврши контрола на два стана, кои припаѓаат на партнерката на Ахметај во местото Хамалај и вила во областа Паласа за која се смета дека е сопственост на поранешната сопруга на Ахметај. Двата имоти ги заплени СПАК на што тој силно се спротивстави особено за станот во Хамалај во кој живее со неговата партнерка Ерјола Хоџа.

Ако следната недела има избори, ПОБЕДУВА ВМРО-ДПМНЕ! УБЕДЛИВО

Албанија во 2022 година втора во регионот по странски…

Според законот, парламентарната комисија за избор и наименување ќе треба да одржи седница, но доколку во меѓувреме тој се откаже од мандатот, тоа не е потребно.

Ахметај(54) беше еден од најмоќните луѓе во владејачкото социјалистичко мнозинство, најпрво беше министер за финансии а по катастрофалниот земјотрес што земјата ја погоди во ноември 2019 година беше наименуван за вицепремиер за обнова.

По апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири, кој веќе е осуден, Ахметај е вториот најмоќен човек против кого се поднесени кривични пријави.

Аферата со печките за горење отпад не само што нанесе голема штета на државниот буџет, туку вмеша многу функционери, поранешни министри и поранешни пратеници.

Поврзани објави
Total
0
Share