Со марш во Скопје се одбележа Светскиот ден на лицата заболени од мултиплекс склероза

Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија „Мобилност Македонија“, по повод 30 мај – Светскиот ден на лицата заболени од мултиплекс склероза, денеска по деветти пат организираше марш за подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултиплекс склероза за нивните специфични потреби за поквалитетен живот и социјална инклузија. Маршот, на кој се приклучија и лицата со параплегија и дистрофија, почна од Порта „Македонија“, продолжи по улицата „11 Октомври“ во правец на Собранието и заврши во Домот „Даре Џамбаз“.

Претседателката на огранокот за мултиплекс склероза при Мобилност Скопје, Христина Просковска истакна дека целта на овој марш е со малку зборови да кажеме многу, односно дека да бидеме видливи, да покажеме дека имаме еднакви можности со околината и да ги изразиме на еден поагресивен начин нашите потреби и барања во оваа општество. Потенцира дека нивните барање ќе се повтораат од минатите години, бидејќи, како што рече, „за жал многу од работите не се променети, иако ние тоа грчовито го бараме“.

-Едни од поголемите барања се до Министерството за труд и социјална политика во однос на добивањето и користењето на додатоците за помош од друго лице – мобилност, да се поедностави аплицирањето на документите, критериумите да се запазуваат при поднесување и лицата кои ги заслужуваат тие додатоци навистина да ги добиваат и да бидат услужени сите пациенти. До Министерството за здравство побараа лековите да бидат во поголем број достапни за пациентите со оваа болест и да се донесат нови иновативни лекови кои веќе се користат во развиените држави, ги истакна Просковска дел од нивните барања на маршот.

Поврзани објави
Total
0
Share