Вчера попладне, во 16.20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Архиепископ Доситеј и улицата Струмичка, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот З. К. од село Арачиново, Скопско, удрило во тротинет, управуван од малолетник од Скопје, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетникот, а телесни повреди добил малолетен сопатник на тротинетот, констатирани во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.