Состојбата на Фицо е стабилна, но неговиот живот се уште е во опасност

Стабилна, но сериозна е описот за состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо по обидот за атентат, потврдија официјални претставници на владата во Братислава. По вчерашната петчасовна операција, тој е на одделот за интензивно лекување во болницата Рузвелт во Банска Бистица и неговото закрепнување се следи од два лекарски тима.

Владини претставници соопштија дека кон Фицо биле истрелани пет куршуми за време на вчерашниот напад во Хандлова. Напаѓачот бил веднаш приведен од обезбедувањето и одреден му е притвор. Според словачкиот министер за внатрешни работи, првичната истрага упатува на јасна политичка мотивација за обидот за атентат.Осомничен за атентатот врз Фицо е Јурај Цинтула, 71-годишен словачки писател. Тој по приведувањето рекол дека е горд на чинот, а како мотив навел несогласување со политиките на владата.

Полицијата го обвини за обид за убиство со предумисла, дело за кое е пропишана казна од 25 години до доживотен затвор.

Словаците се во шок по вчерашниот обид за атентат врз Фицо. Многумина го оценуваат како напад врз демократијата во земјата чие општество во голема мера е поларизирано меѓу истокот и западот.Фицо долго време важеше за политичка фигура која предизвикува поделби во Словачка и пошироко. Неговото враќање на власт лани, со проруски и антиамерикански порака, доведе до уште поголема загриженост кај земјите членки на Европската унија дека тој ќе ја води својата земја подалеку од западниот мејнстрим.

Поврзани објави
Total
0
Share