Солзавец и молотови коктели, најмалку 9 повредени на протестот против приватните универзитети во Атина

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Најмалку девет лица се повредени, меѓу кои и новинар во инцидентите што се случија пред грчкиот Парламент во Атина за време на протестот на студентите против планот на Владата да дозволи работа на приватните универзитети.

Протестот се одржа во пресрет на собраниската седница на која се очекува да се донесе закон со кој странските приватни универзитети ќе можат да отворат ограноци во Грција.

Илјадници студенти со недели мирно протестираат против реформата, која според нив ќе ја намали вредноста на дипломите од државните универзитети, но гневот кулминираше кога премиерот Киријакос Мицотакис ги повика пратениците да го усвојат законот.

„Се плашиме дека … дури и да успееме да го завршиме факултетот, никогаш нема да можеме да најдеме работа никаде“, изјави 25-годишниот Стратос Кацелис за Ројтерс.
„Ниту еден млад човек денес не може да направи никаков план за иднината. Сè што гледаме е ќорсокак“, додава тој.

Мицотакис, кој освои втор мандат минатиот јуни, рече дека законот ќе помогне да се запре одливот на десетици илјади грчки студенти на универзитетите во странство, што ќе ја оптовари економијата што сè уште се закрепнува од 10-годишната финансиска криза.

Тој рече дека законот, исто така, ќе помогне Грција да се усогласи со остатокот од Европската унија и да ја зголеми конкуренцијата во високото образование.

Поврзани објави
Total
0
Share