Советот за безбедност на ОН одби да разговара за бомбардирањето на НАТО на Југославија

Советот за безбедност на ОН одби вчера да разговара за НАТО бомбардирањето на СР Југославија на предлог на Русија откако мнозинството членови на Советот гласаа против ставањето на оваа тема на дневен ред, а само Русија, Кина и Алжир сакаа да зборуваат за агресијата на НАТО. Останатите 12 членки беа воздржани, пишува „Политика“.

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, по седницата изјави дека Србија е разочарана затоа што денеска, како што наведе, во СБ на ОН беше спречено да се слушне вистината за агресијата на НАТО врз СР Југославија во 1999 година.

Постојаниот претставник на Русија во Советот за безбедност на ОН, Василиј Небензја, на почетокот на седницата изјави дека деновиве целиот свет се сеќава на жртвите од трагичните настани на Балканот, предизвикани од незаконската агресија на НАТО.

„Разбирам дека претставниците на НАТО на оваа маса им непријатно да го слушнат ова и да разговараат за него, но важно е да се разговара за тоа не само поради она што се случи туку и поради она што сега се случува во тој регион“, посочи Небензја.

Тој побара да се одржи отворен брифинг во СБ последиците од агресијата на НАТО врз СРЈ за меѓународниот мир и безбедност во светот.

„НАТО ја нападна Југославија користејќи го „етничкото чистење“ како изговор додека српската полиција и војска се бореа против терористичката ОВК. Но, западната пропаганда ги претвори водачите на ОВК во воини на доброто“, истакна Небензја, додавајќи дека тоа е причината зошто Западот не сака да се слушне вистината

Поврзани објави
Total
0
Share