Собранието ја усвои Декларацијата за НАТО

Собранието денеска ја донесе Декларацијата за одбележување на четвртата годишнина од членството на Република Северна Македонија во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата во рамките на 149. седница.Претседателот и подносител Јован Митрески, нагласи дека со донесувањето на Декларацијата ја потврдуваат определбата за давање сериозен и значаен придонес во обезбедувањето на регионалниот, но и на светскиот мир и стабилност. Четири години по зачленувањето во Алијансата, заклучи дека донесените одлуки на патот за членството, биле тешки, но вределе.

Поврзани објави
Total
0
Share