Снег на Стража и дебарскиот регион

По врнежите од дожд изминатите денови, во поширокиот дебарски регион падна снег, кој на повисоките населени места достигна повеќе сантиметри. Иако е втора половина од април, пролет, дебарскиот регион се забели од снегот што врне. Снег врне и на превалецот Стража, како и на повеќе други повисоки места.Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo влажни коловози. Во западниот дел од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но засега не претставуваат пречка за одвивање на сообраќај.Засега снегот не создава проблем во одвивањето на патниот сообраќај. Сепак, се препорачува внимателно возење поради влажните коловози.

Поврзани објави
Total
0
Share