Слупчане без струја остави шест соседни села и ГП Табановце

И покрај тоа што претставниците на власта, министри членови на ДУИ, ветија дека ситуацијата со струјата во Слупчане ќе се среди и дека жителите конечно ќе почнат да плаќаат за потрошената електрична енергија, тоа не се случи.

Жителите на Слупчане и вчера ги спречија екипите на ЕВН да интервенираат. Истото се случи и пред три недели. Повторно беше оштетена трафостаницата, па без струја останаа и Оризаре, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.

На 14 јули месната заедница на Слупчане во официјално писмо испратено до ЕВН Македонија побара секоја куќа во селото да плаќа максимум по 3.000 денари месечно за струја, без разлика колку киловати се потрошени и старите долгови да им се избришат. Тие бараат приклучокот да не чини повеќе од 6.000 денари со монтажа, а за џамиите струјата да биде бесплатна. Слупчанци бараат и мерните уреди да не се поставуваат надвор од куќите сѐ додека ова не се случи во цела Македнија и не дозволуваат да бидат исклучок; далноводот да биде поставен под земја; за секој што ќе гради куќа да му биде обезбедена електрична мрежа од страна на ЕВН Македонија, а не граѓанинот приватно да плаќа илјадници евра за бандери; ако се оштетат апаратите на домаќинството по прекин на струја, тогаш ЕВН да плати за апаратите…

Полицијата не може да воведе ред за да можат екипите на ЕВН да интервенираат.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share