Скопје: Bработените на Kомунална Xигиена ги бараат своите права!

ДИРЕКТОРКАТА СЕ ЗАКАНУВА СО ОТКАЗ ЗА УШТЕ 200 ВРАБОТЕНИ

„Нека мислат за своите семејства, нека мислат за лебот, нека не ги бранат тие што ги бранат. Јас сум многу сериозна, кога можев да ги ставам тие 10 луѓе на огласна табла, и поднесов кривична пријава, ништо нема да ме спречи да ги ставам таму уште 200 други“.

Со овие зборови директорката за Комунална Хигиена, Косана Мазнева, им се закани на работниците од ова претпријатие кои во знак на револт за заминувањето на дел од нивните колеги синоќа ја прекинаа работата и протестираат пред влезот на оваа институција, пренесува КланМ.

Да потсетиме, Мазнева во текот на месеците август и ноември отпушти 112 работници, со образложение дека не се редовни на работа. Поголемиот дел од нив беа Албанци.

Фуат Шаќири, единствениот вработен во неговото семејство, како што пренесува КланМ, по 10 години посветеност на одржување на хигиената на градот, вели дека без никаква причина бил отпуштен од работа.

ФУАТ ШАЌИРИ, ОТПУШТЕН РАБОТНИК ОД КОМУНАЛНА ХИГИЕНА

“Во четвртокот ми рекоа дека не си на работа, нема причина, не знам зошто, вработен сум 10 години, имам и семејство и не знам ни зошто. Моето семејство зависи само од оваа работа, имам три деца и само јас сум вработен. Ќе ја напуштам работата, ако КХ нема потреба за мене, ќе ја напуштам, но не е еден, има 120 ниту списокот го немаме, пред три месеци 160, денес 140, го немаме ни списокот, не знам колку се точно“.

Ниту Реџеп Мифтари, кој беше во поддршка на своите колеги, кој е вработен во оваа институција 17 години, не ја знае причината за отпуштањето на неговите колеги.

РЕЏЕП МИФТАРИ, ВРАБОТЕН ВО КХ

„Најлошото е што го отпуштија претседателот на синдикатот на КХ, пред една недела го имавме истиот револт и со претседателот Дели Дардишта имавме барања за зголемување на минималните плати, стаж со бенефиции, исплата на патни трошоци и леб и основни услови за леб. А директорката имаше рок да ни даде одговор. Единствениот одговор што го добивме е дека синдикатот со уште седум колеги не е на работа.“

Во поддршка на колегите, како што пренесува КланМ, беше и Владо Ѓорѓиевски, кој е на прагот на пензија.

ВЛАДО ЃОРЃИЕВСКИ, ВРАБОТЕН ВО КХ

“Ние сакаме да одиме во Европа, но во Европа оваа работа е платена, тука кај нас е катастрофа и сега слушам дека ќе не отпуштат ако не одиме на работа. Оваа работа бара стаж со бенефиции бидејќи работиме со хемикалии, работиме со отров, на дожд, на ветер. Тука требаше да бидат директорката и градоначалничката, но никој не дојде, како да не постоиме.“

Вработените во Комунална Хигиена, како што соопштува КланМ, бараат преговори за покачување на платите, да им се исплати таканаречениот К-15 и работен стаж со бенефиции. Според нив, доколку не се земат предвид овие барања, ќе организираат и протести./KlanMacedonia

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share