Скопјани утре остануваат без јавен превоз, дел од вработените излегуваат на штрајк

Ќе останат ли скопјани утре повторно без градски превоз? Дел од вработените во ЈСП најавуват штрајк од 4:30 наутро до 12:30 напладне пред дирекцијата на ЈСП поради неусогалсување на платата со Колективниот договор, нецелосно исплата на прекувремена работа и хранарина за време на ноќна смена. Иако два пати барале прием кај директорот, но тој немал слух за нивните барања, вели Тошевска од синдикатот Спајс при ЈСП. Доколку до завршување на штрајкот не бидат примени кај раководството, 200-те поддржувачи нема да влезат зад воланите во автобусите и градскиот превоз ќе се соочи со сериозен недостаток на автобуски линии. Не исклучуваат штрајкот да продолжи и наредните денови, вели Тошевска за Канал 5.

„Пред се се извинувам до граѓаните. Јавниот превоз ќе функционира, нема да биде 100% замрен, но ќе биде редуциран обемот на линиите бидејќи ќе штрајкуваат и возачи. Имаме возачи што имаат 80 дена неделни одмори – така ги викаме ние, што всушнот тоа е прекувремена работа. Има луе работат по 2 месеци без ден одмор. Имаме линии што траат над 8 часа. 8 часа да вози возач во градски, ќе падне, ниту пауза ниту услови за работа.“,-Елизабета Тошевска, Синдикатот Спајс при ЈСП.

Според репрезентативниот синдикат на ЈСП новоформираниот СПАЈС е нелегитимен и твдатд ејка прекин на автобуските линии нема да има. Точките што ги бара Спајс веќе се усвоени на управниот одбор на ЈСП, додека останатите барања на вработените се решаваат интерно во компанијта, вели Стојановски и посочи дека ЈСП е добра финансиска кондиција и не гледа причина за незадоволство.

„Денешната плата што ќе ја земеме е веќе зголемена за 2177 со ретроаркитнно дејство од март 2023 година. Веројатно они се синдикат што сака да изедначи преговарачка рамка со останатите синдикати на Јсп. Но тоа не оди така. Услитамтивни и амамтерски се барањста, знаете што значи штрјак во јавно претпријатие поготово на јп што врши градски превоз и е од осбен интерес на ниво на државата,-Миќо Стојановски, Претседател на Синдикат на работниците од сообраќајот и врските на Македонија.

Во меѓувреме и од ЈСП сооптшија дека утре јавниот градски превоз ќе функционира редовно и без прекини. Посочуваат дека причината за штрајк на новоформираниот синдикат, е нелегитимна. Појаниваат дека од 1 јуни сите вработени во ЈСП веќе добиле зголемена плата.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share