Претседателката Гордана Сиљановска Давкова одбива да ги коментира секојдневните закани од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за можно вето за европските интеграции на земјава поради, како што вели тој, непочитување на Преспанскиот договор од нејзина страна.-Јас не коментирам пораки на господинот Мицотакис. Преспанскиот договор има механизми, почнувајќи од укажување, па до обраќање до Генералниот секретар на Обединетите нации. Постои и можност за покренување постапка пред Меѓународниот суд на правдата, чија пресуда соседот Грција не ја почитуваше, изјави Сиљановска Давкова во одговор на новинарско прашање пред почетокот на панел дискусијата „Европската Унија како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација” во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Европското движење.Тоа, како што кажа, е механизам што постои и што е загарантиран во процесот на одлучување на секоја членка на Европската Унија.-Јас не можам да го спречам во тоа. Преспанскиот договор е дел од преговарачката рамка, но не мислам дека е тоа во духот на развивањето на пријателските односи. Мислам дека и во традиционалната дипломатија можеби е добро да фрлиме поглед врз културната дипломатија каде на поинаков начин ги решаваат проблемите. Сметам дека и ние со соседите би можеле во пријателски дух да се обидеме на поинаков начин да се однесуваме и по малку да бидеме скандинавци, порача Сиљановска Давкова.
Поврзани објави
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24
Мицкоски од Тетово: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит
Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во…
19.06.24 15:04
Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото
РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева…
19.06.24 14:57