Синер: Секогаш имам ист ритуал пред важен меч, ќе варам шпагети!

Италијанецот Јаник Синер успеа да направи голем подвиг и се пласираше во полуфиналето од неофицијалното светско првенство, Вимблдон. 21-годишниот тенисер во четвртфиналето славеше победа над Русинот Роман Сафиулин и закажа дуел со најголемиот фаворит за титулата, Новак Ѓоковиќ.

Синер даде неколку изјави за медиумите по завршувањето на мечот со Сафиулин, а особено интересен беше коментарот околу тоа како ќе се подготвува за дуелот со Ѓоковиќ.

„Јас секогаш имам ист ритуал пред секој важен меч. Вечерта пред дуелот со Ѓоковиќ ќе си сварам од моите омилени шпагети кои ги „збогатувам“ со вкусен сос од домати. Овој ритуал многу пати се покажал како среќен за мене и нема да го менувам никогаш.

Секогаш е задоволство да се игра против Ѓоковиќ, особено на Грен-Слем турнирите. Ќе биде многу тешко, но јас ќе се борам за секој поен и ќе уживам во полуфиналната пресметка. Верувам во мојата сила, знам дека напредував физички и ментално, па ќе видиме што ќе се случи“, заклучи Синер.

Полуфиналниот дуел помеѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ е закажан за в петок, со почеток во 14:00 часот. Мечот ќе се одигра на централниот терен во Лондон и ќе го даде првиот патник во големото финале на Вимблдон.

Поврзани објави
Total
0
Share