Синдикатите постигнаа договор за зголемување на платите во јавниот сектор за 10 проценти, вработените ќе добијат и К-15

Преговорите на претставниците на синдикалните организации и Владата денеска завршија со успешен исход. Од септември ќе добијат зголемување на платите од 10 проценти, исплата на К-15 до крајот на годината, а новата методологија која ќе почне да се применува од март 2025 година, ќе овозможи системско решение за усогласување на платите и ќе го осамости процесот на усогласувањето на платите од влијанието на која било влада во иднина.

– Ако имаме во предвид дека платите на голем дел од вработените во јавниот сектор со синдикални активности пораснаа изминатиов период, за нас беше битно тој пораст на платите на вработените од јавниот сектор да не биде анулиран со ова зголемување туку ова зголемување да биде дополнување на тоа зголемување од јануари до септември. Дополнително добро е тоа што утврдивме конечно регрес за годишен одмор. Исправивме една голема неправда кон вработените во јавниот сектор особено во здравството кои немаа добиено ниту еднаш до сега регрес за годишен одмор, истакна претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, по денешната средба со претставниците на Владата.

Тој потенцираше дека за нив е важно тоа што конечно се утврдува методологија со која ниту еден владин функционер повеќе ќе нема право да влијае на начинот на утврдување на платите на вработените во јавниот сектор. 

Додаде дека охрабрува тоа што уште во септември нема да има ниту еден вработен на минимална плата, тоа што беше најголема забелешка на вработените во изминатиот период и нагласи дека ќе се обидат тоа да го постигнат и со вработените во приватниот сектор преку преговори со организацијата на работодавачи. 

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека е постигнат договор за потпишување на општиот колективен договор и за сите оние спорни прашања кои со месеци се разговараат со претставниците на синдикатите. 

– Договоривме дека новата методологија за пресметка на плати за вработените во јавниот сектор ќе започне од март 2025 година. Со септемвриската плата во 2023 ќе биде покачувањето од проценти на платите во јавниот сектор, К-15 до крајот на декември 2023 година во висина од 10.000 денари, а во општиот колективен договор ќе стои одредба за исплатата на К-15 од 2024 година да биде најмалку 30 проценти од висината на просечната плата во изминатата година, објави Тренчевска во изјавата за медиумите по средбата со претставниците на синдикатите. 

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, на денешната изјава го потврди истото и рече дека сега генерално е постигнат договор за реформи во однос на системот за регулирање на платите.

– По процедурата на потпишување на Општиот колективен договор ние веќе во септември ќе треба да одиме со ребаланс на буџетот, и ова да влезе и во буџетот за 2025 година, истакна министерот Бесими. 

Вицепремиерот одговорен за економски прашања, Фатмир Битиќи овој договор го оцени како историски и подвлече дека со ова се забораваат старите навики на преговарање и уцени.

– Сметам дека, да можеме да лицитираме со бројки дали можело повеќе, дали можело помалку, тоа што ние требаше и го направивме, а тоа е на секој еден вработен во јавен сектор денес па и понатаму којшто ќе одлучи да служи на граѓаните знае каква иднина може да има во однос на платите и дека ова е еден исчекор којшто мислам дека не само ние туку и сите други влади понатака во државава, но и во регионот, ќе го земаат како пример како се решаваат проблемите со синдикатите, рече Битиќи.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, во интервјуто за МИА, што беше објавено викендот, во однос на ова прашања, истакна дека со новата методологија ќе има системско решение и ќе се создаде солидна платформа во иднина економско-социјалниот дијалог да биде уште поквалитетен и потранспарентен.

Министерот за финансии Фатмир Бесими во видео интервјуто за МИА вели дека според климата и интензитетот на разговори со синдикатите, се блиску до постигнување на договор.   – Мислам дека има

– Ние сега правиме трансформација на системот како што правевме претходните две години кога воведовме системско решение за пензионерите и тие сега имаат контиуниран раст на пензиите во услови на пораст на цените. Слично е и со минималната плата каде воведовме механизам. Сега и ова прашање ќе го решиме системски со платформата и потоа сите во секоја област, гранковите синдикати ќе ги продолжат разговорите според спефициките, вели Бесими.

На претходниот состанок на синдикатите во Министерството за финансии, тие изјавија дека очекуваат двоцифрено зголемување на платите од септември и исплата на регрес за годишен одмор, а од март 2025 година да почне новата методологија за раст на платите. 

Претставниците на синдикатите изразија задоволство од денешната средба што се одржа во Министерството за финансии со претставниците на Владата во врска со методологијата за покачувањето на пл

– Тоа што ние го предложивме е инфлацијата која минатата година беше 14,5 проценти да биде основниот параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор, од најниската категорија на работно место до највисоката, претседател на државата, и сите да добиеме процентуално зголемување на платите, изјави во средата претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов.

По усогласувањето на минималната плата во март оваа година, последните три месеци се интензивираа преговорите помеѓу синдикатите и Владата за наоѓање на системско решение во врска со зголемување, односно усогласување на платите на околу 138 илјади вработени во јавниот сектор, а беа започнати пред околу две години.

Поврзани објави
Total
0
Share