Силјановска од Тетово:Потребни се политичари со интегритет

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на митингот во Тетотво порача дека ни треба политичар со интегритет и дигнитет, политичар со народен лик,кој ќе биде со народот и меѓу народот преку народните канцеларии.

,,Кој ќе биде меѓу народот преку пораките во парламентот! Кој ќе биде за народот кога ќе става вето! Кој ќе биде исто така за државата и нацијата кога надвор ќе ги праќа најдобрите дипломати! Кој ќе биде за мирна Македонија, за безбедна Македонија кога во Советот за безбедност ќе креира одлична политика! Кој ќе биде за уметност, наука и култура кога ќе им доделува награди на најдобрите! Кој ќе биде за право и правда кога во судски совет ќе именува најдобри правници! Кога ќе биде за уставност и законитост тогаш кога најдобрите судии ќе бидат во судовите! Тогаш тој ќе ја заслужи Македонија и ќе ја направи повторно горда! “,рече Силјановска.

Поврзани објави
Total
0
Share