Силјановска од Кратово:Време е граѓаните да му стават вето на Пендаровски

Претседателскиот кандидат,Гордана Силјановска Давкова на жителите од Кратово им порача дека Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не ставил вето, па токму поради тоа време е граѓаните да му стават нему вето!

,,Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето, време е граѓаните да му стават нему вето!Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да се направи евалуација или реевалуација на сите кандидати во поглед на имотот или во поглед на стореното.Но, три пати да се залагате за нешто, а да не направите ни еден чекор кон тоа, мислам дека ве предупредува дека треба сами да си ставите вето на она што го ветувате, а не го исполнувате! Можеби така го замислува претседателот ветото! Јас не знам како го замислува! Како нешто што постојано го ветува, ама крајно време е: Вето да си стави сам, дека нема да измислува! А мислам дека и вие треба вето да му ставите”,рече Силјановска.

Поврзани објави
Total
0
Share