Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на граѓаните од Гостивар им порача дека покрај консултациите со Владата, мора да има компромис и со сите политичари.
,,Сите парламенти се главни креатори на сите политики, па и на надворешната и на безбедносната политика. Таму треба да оди претседателот! Не само како Дедо Мраз пред Нова година, туку многупати! Многупати,за да праша: – Со каква политика, со каква платформа, со каква стратегија да настапиме? Регионална, европска или меѓународна?,праша Силјановска.