Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, продолжува да води со 2:1 пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, покажуваат најновите првични официјални резултати на интернет страницата на Државната изборна комисија по првиот круг на претседателските избори.
По пребројани 67,47% од избирачите, Гордана Силјановска-Давкова има 232 805 гласа, а Стево Пендаровски 114 373 гласа.
Потоа следат двајцата кандидати на партиите на Албанците каде битката ја добива Бујар Османи од ДУИ со 89 550 гласови наспроти 64 802, колку што досега има кандидатот на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари.