По неофицијалните резултати што ги презентираше ВМРО-ДПМНЕ вечерва, а спoред кои убедлива победа во првиот круг од претседателските избори има партиската кандидатка Гордана Силјановска-Давкова, таа се обрати во партиското седиште во Скопје. Според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) од првиот круг на претседателските избори по 80 отсто преброени гласови, Силјановска освои 144.000 гласови повеќе од кандидатот на СДСМ и досегашен претседател Стево Пендаровски.Претседателка, претседател на држава мора да биде надпартиска личност, да слуша, исполнува, да има знаење, да ги слуша професорите, експертите, рече Силјановска.„Повикувам на единство, ќе соработувам со премиерот, Собранието, медиумите, но и со опозицијата“, кажа таа.Изборниот процес, рече, е најстрасниот процес, а во дебатата „ние 7-темина кандидати не го пречекоривме лимитот на пристојноста“.„Посебно сум горда на жените на Македонија, без оглед на политичка припадност, тие беа моја инспирација. Деновиве среќавам жени од други партии, кои велат дека доаѓа нашето време. Имаме ум, енергија и разум и време е ова општество да го искористи тоа. Јас знам дека она што го ветив, ќе го остварам”, кажа Силјановска.
Поврзани објави
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24
Мицкоски од Тетово: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит
Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во…
19.06.24 15:04
Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото
РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева…
19.06.24 14:57