Силјановска Давкова: Не правиме компромис со вредности, немаме право на тоа

Кога нема да го направите тоа што сте го ветиле треба да си заминете, ние доаѓаме, порача Гордана Сиљановска Давкова вечерва од митингот во центарот на Скопје.

Таа порача дека оваа Влада ветила многу работи а ништо не исполнила. Најави дека ќе ги претставува сите без никаква поделба.

„Бидете сигурни дека ќе ве направиме горди. Сум ги направила горди моите студенти и како пратеничка гордо ве застапував вас, за разлика од нив проверете ја и утврдете ја разликата. Споредете што зборуваат едните а што другите. Не правиме компромис со вредности, немаме право на тоа, зошто така ја нагризуваме гордоста на Македонија“ рече Силјановска Давкова.

Таа вети дека ако стане претседател на државата повторно ќе ја отвори Народната канцеларија на претседателот, која беше отворена од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Рече дека нема да оди надвор од земјата и да преговара без да оствари консензус за клучните прашања за државата.

„Само најуспешните, најстручните и најпочитуваните можат да ни ја вратат гордоста и така веќе нема да бидеме најнесреќниот народ, порача таа.

Поврзани објави
Total
0
Share