Силјановска-Давкова го потпиша указот на Законот за реорганизација на министерствата

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова го потпиша указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот организација и работа на органите на државната управа.

Во објавата на својот официјален фејсбук-профил, во кој информира за потпишувањето на указот, Силјановска-Давкова повторува дека на законски измени како оваа, кои се носат со двотретинско мнозинство, шефот на државата нема право на вето.

Претседателката оценува дека законските измени се реформски и дека со нив, пред сè, како што вели, ќе се анулира паралелизмот на надлежностите на многу министерства, и ќе се обезбеди функционалност и одговорност.Понатаму, според неа, измените ќе овозможат да се „институционализираат нашите стратешки приоритети преку формирање соодветни министерства“, како што се Министерство за европски прашања и Министерство за дигитална трансформација.

Со новото Министерство за спорт, претседателката смета и дека ќе се подигне нивото на општествената грижа за физичкото и менталното здравје на нацијата.

Поврзани објави
Total
0
Share