Силно невреме го зафати Хјустон: 4 загинати, градот е во мрак

Четири лица загинаа во силно невреме во градот Хјустон во американската сојузна држава Тексас.

Две лица загинаа кога врз нив паднаа дрвја, кои беа соборени од ветрот, кој за време на невремето достигна брзина и до 160 километри на час, пренесува АП.Без струја останаа околу 870.000 потрошувачи.

Невремето откорна дрвја и искрши прозорци на високи згради, а локалните власти ги повикаа жителите да останат внатре.
Голем дел од центарот на Хјустон и неговата комерцијална област беа покриени со урнати далноводи и стакло од скршените прозорци по невремето, а сообраќајот и уличните светла беа исклучени низ градот, рече градоначалникот Џон Витмајер во интервју за локална телевизија.

Поврзани објави
Total
0
Share