Се шири Европскиот фронт , на ДУИ им се приклучија партиите на Тачи и Хоџа

Претседателот на ДУИ Али Ахмети ова обединување го поистовети со далечната 2001 година, кога како што рече се обединиле Арбен ЏафериАбдурахман АлитиИмер Имери кои со цел промена на статусот на Албанците во Македонија, потпишале договор.

„Ние кои сме овде сме незапирливи и продолжуваме кон овој фронт треба да се приклучат и другите заедници, како Ромите и Турците оти Охридскиот договор ги унапреди и тие кои беа маргинализирани. Ние сме гарант за сите оти ние знаеме што е дискриминација, и со овој фронт ќе имаме уште поголем напредок. Во 2001 година бев млад но горд меѓу двајца мажи со Арбен Џафери и Имер Имери кои потпишаа договор. Ние не бевме подготвени за долги мисии, но ние се откажуваме од целите и овој фронт не се прави за партиски и лични интереси. Ова се прави за што поскоро членство во ЕУ, рече Ахмети.

Европскиот фронт ќе издвојува една од најголемите победи што ја имале Албанците во Македонија.

„Ако пред 22 години на некого му речевте дека ќе се земат касарните на Младиќ и ќе се пренаменет во универзитет ќе речеше овие се луди. Да му кажеше некој на некого дека пред 22 години во Македонија ќе има премиер Албанец ќе речеше овие се луди, ако пред 15 години некој кажеше дека јас и Тачи ќе потпишеме договор ќе речеа не е возможно, но ова вистина, додаде Ахмети.

Европскиот фронт има многу повисоки цели, посочи лидерот на ДПА Мендух Тачи. Не се работи за обична битка помеѓу албанската позиција и опозиција.

„Ова не е битка помеѓу нас и албанската опозиција, не е така и малите деца знаат дека тие ќе изгубеа и без фронтот. Ние се обединивме, лидерите на еден народ треба да ја забележат опасноста од далеку да бидат подготвени, ризикот што му се заканува е тоа што руската агресија му се заканаува на цивилизираниот свет, таа е инсталирана во Србија и во Босна и Херцеговина и ова обединување е да се спречи сето тоа. Ние со 30 пратеници ќе му оневозможуваме влез на руската политика. Апелирам до луѓето што ја подржувале ДПА во овие 30 години, заедно да бидеме за овој фронт“, рече Тачи.


Аријанит Хоџа
 пак посочи дека Европскиот фронт ќе овозможи обединување на Албанците како во времето на Скендербег.

„Малите луѓе наоѓаат причина да се поделат, но големите бараат причина да се обединат. Нашите чекори во 2024 година се подеднакви со историскиот настан во Леша каде Скендербег ги обедини сите албански краишта, како и тогаш и денеска ние се обединуваме дека имаме поголема цел и таа цел ги надминува личните интереси. Ова е од историска вредност која ќе ги остраните границите меѓу браќата и со тоа ќе кажеме дека сме со западната цивилизација“, рече Аријанит Хоџа претседателот на Европската демократска партија

Претседателот на Народното движење пак Скендер Реџепи кажа дека нивното политичко патување во ЕУ мора да продолжи, по сигурни патеки оти друга алтернатива немаме.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share