Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Црвената полумесечина соопшти дека е утврдена точната локација на падот на хеликоптерот и дека спасувачите ја пребаруваат областа меѓу Ардешир и Бразин во Варзакан.Хеликоптерот се урнал во северозападниот регион Варзакан, кој се наоѓа на приближно 600 километри од Техеран.

Варзакан припаѓа на иранската провинција Источен Азербејџан. Последниот ГПС сигнал наводно бил лоциран во близина на рудник за бакар во шумите на Арсбаран.Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан бил и меѓу патниците во хеликоптерот што се урнал.

Ебрахим Раиси пристигна во Азербејџан претходно во неделата.Таму, заедно со претседателот на земјата, Илхам Алиев, учествуваше на церемонијата на пуштање во употреба на хидроцентралата Худаферин и на отворањето на хидроцентралата Гиз Галаси изградена на реката Араз.

Поврзани објави
Total
0
Share