Се урна зграда во Истанбул, неколку лица заробени под урнатините

Неколку луѓе се затрупани под урнатините откако утрово се урна зграда во истанбулскиот кварт Кучукчекмеџе.

На терен се пожарникарите, полицијата и здравствени работници, а засега не се познати причините за уривањето на објектот, пренесува „Хабертурк“.

Во тек е потрага по луѓе затрупани под урнатините на трикатната зграда.Според порталот Ахабер, од урнатините досега е извлечено едно повредено лице.

Поврзани објави
Total
0
Share