Се судрија два воза во тунел во Србија, има повредени

Девет лица се повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, блиску до излезот кон Панчевачки мост, јави РТС.Несреќата се случила попладнево во тунелот кај студентскиот дом „Карабурма“.На терен се екипи на Итната помош и 25 пожарникари со пет возила.Во 18 часот и 42 минути било добиено известување дека товарен воз налетал на патнички воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, поблиску до излезот кон Панчевачкиот мост.Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ е на местото каде што се судрија возовите во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост. Се очекува на местото да пристигне и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Поврзани објави
Total
0
Share