Промена на Деловникот на Судскиот совет во насока на предвидување на рокови за движење на предметите, кратење на роковите за одлучување, измена на правилникот за бодувањето на судиите за избор во повисоки судови, како и да мора да има образложение на избор и неизбор, а одлуките да бидат индивидуализирани, да се засноваат на објективни стандарди и да бидат конзистентни и компаративни, се дел од измените предвидени со новата комуникациска стратегија на Судскиот совет, со кои, како што информираа на денешниот брифинг, треба да бидат решени пет од препораките на Оценската мисија на ЕУ.Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, на брифинг со медиумите, појасни дека има околу пет препораки врзани со транспарентноста и отчетноста и во таа насока е изработена комуникациска стратегија, која ќе биде усвоена откако претседателите на судовите ќе дадат мислење и во јуни годинава.Изработката на стратегијата, посочи Дамева, е дел од акциски план за спроведување на препораките на Оценската мисија на Европската унија за функционирањето на Судскиот совет, изработен во јануари годинава.-Акцискиот план е јавно објавен. Во него се опфатени 17 препораки во директна надлежност на Судски совет. За секоја препорака има одговорно лице со конкретни мерки и не смее да има пречекорување на временската рамка, појасни Дамева.
Поврзани објави
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24
Мицкоски од Тетово: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит
Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во…
19.06.24 15:04
Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото
РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева…
19.06.24 14:57