Сејдиу: Oпозицискиот фронт нема да го гласа Tалат Џафери за премиер

ОД ДУИ ВЕЛАТ ЌЕ СМЕНАТ МИСЛЕЊЕ ДО ДЕНОТ НА ГЛАСАЊЕТО

Првиот албански премиер и натаму е неприфатлив за албанскиот опозициски фронт од каде најавуваат дека нема да биде поддржан. Од ДУИ велат дека до денот на гласањето пратениците од опозицијата ќе го сменат мислењето и ќе гласаат за техничката влада. Синоќа во Клан Дебата се зборуваше, меѓу другото, и за изјавата на г.Курти.

Опозицискиот фронт нема да гласа за Талат Џафери за технички премиер, вака синоќа во Клан Дебата најави потпретседателот на Движењето Беса Блерим Сејдиу. Според него, „албанскиот премиер“ е само манипулација на ДУИ за политички опстанок.

БЛЕРИМ СЕЈДИУ – ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДВИЖЕЊЕТО БЕСА

“Во која било позиција каде што Албанците се слаби и омаловажувани три месеци, два месеци, три недели, ние нема да учествуваме. Ова не е премиер на Албанците, туку премиер на ДУИ. Прво, тоа се манипулации. Второ, „тој доаѓа – младите си одат“. Кој доаѓа? Тоа се манипулации за политички опстанок. На ДУИ не му е грижа за Албанците, во овој случај дури ни со првиот албански премиер…“

Но, поинаку велат од ДУИ, пратеникот на оваа партија Бајрам Кадриу вели дека би гласал за кандидатот за албански премиер дури и од редовите на опозицијата.

БАЈРАМ КАДРИУ, ПРАТЕНИК, ДУИ

“По 70 години од оваа држава ќе гласав за кој било кандидат од која било политичка партија. Беа ветени 100 дена и ќе се случи и сите промени во оваа држава почнаа од ДУИ.“

Што се однесува до изјавата на премиерот на Косово, Албин Курти, дека неговата партија нема да учествува на изборите, Сејдиу не сакаше да ја коментира изјавата на Курти, но нагласи дека се остварени контакти со советникот на “Самоопределување“ во РСМ.

БЛЕРИМ СЕЈДИУ – ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДВИЖЕЊЕТО БЕСА

“Што се однесува до изјавите на господинот Курти, тој е одговорен за неговите изјави. Во меѓувреме, ние како опозициски фронт имавме контакти со советникот на господин Курти.“

Во врска со членот на опозицијата во ДИК, Сејдиу инсистира дека ова место му припаѓа на опозицискиот фронт и дека нема да  попуштат за овој случај, во спротивно, според Сејдиу, ќе се разгледа можноста за учество или неучество на изборите./KlanMacedonia

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share