Сефер Селими за КЛАН ТВ: Со националистичкиот наратив, ВМРО ДПМНЕ им прави услуга на ДУИ и на Али Ахмети

Осврнувајќи се на предлогот за граѓански Устав , аналитичарот Сефер Селими во вечерашната КЛАН дебата со Љубиша Николовски рече дека таа идеја потекнува од  една партија на албанците.

,,Тоа беше повеќе несреќна изјава на Таравари. Идејата за граѓански Устав беше пропуштена во 1991 година. Затоа подоцна во 2001 година дојде и до конфликт. Ние сега  треба да најдеме начини како да ја олесниме комуникацијата и соживотот меѓу заедниците.Проблем е во политиката а не кај граѓаните”,рече Селими.

Дали еден Устав е граѓански или не ,може да се види од Преамбулата а најмногу во нормативниот дел, посочи Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ. Вели дека кај нас нормативниот дел не е граѓански затоа што правата на граѓаните не секогаш се гарантирани како индивидуални туку се поврзани како колективизација.

,,Македонците денеска се чувствуваат слично како албанците во деведесетите години.Никој не треба да се чувствува запоставен и друг да одлучува за неговите права. Тегобите и болката која ја имаат македоците ја имаат и албанците. Очекувам од албанците да разберат каква е маката на македонците. И македоците имаа проблеми со одредени меѓуетнички односи, како на пример што е истакнувањето на знамето. Истакнувањето на знамето на друга држава, граѓаните го сфаќаат како агресивно однесување. Агресивноста се огледува на улиците во Тетово каде  се истакнати албански знамиња.Од друга страна во Охрид се судат луѓе што го истакнале знамето на Вергина”,рече Димовски.

   Како истакнувањето на моето знаме е агресивно однесување? Како може македонецот да биде граѓанин од втор ред?,праша Селими .

,,Во сите јавни институции каде се истакнува албанското знаме се истакнува и државното знаме. Како албанец,тврдам дека  истакнувањето на албанското знаме не е агресивност. Еден дел од тие чувства што ги имате произлегуваат од албанофобија. Партизацијата во администрацијата беше создадена од ВМРО ДПМНЕ. Со ваков наратив вие им правите на ДУИ и на Али Ахмети таква услуга што не сте свесни.Националистичкиот наратив е поттикнат повеќе од вашата партија (ВМРО ДПМНЕ)”,му реплицираше Селими за Димовски.

Заменик на министерот за правда Викторија Аврамовска Мадиќ му порача на Димовски дека знамето со шеснаесеткракото знаме не е државно знаме и дека  не може постојано да ја менуваат реториката на дискусијата, еднаш да велат дека се залагаат за соживот а од друга страна постојано да зборуваат за меѓуетнички тензии.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share