Селмани за Клан дебата: Преговорите за состав на новата Влада ќе бидат тешки, ќе има многу компромиси

Идната Влада ќе биде Влада на компромиси.Таа, според Селмани не треба да има само минимум 61 пратеник, туку и минимум 80 пратеници за уставните промени.

,,Преговорите за состав на новата Влада ќе бидат тешки. Нема да биде лесен начинот за договарање и преговарање, но легитимно е да се стават на маса сите предлози и барања и да се разговара”, рече Селмани осврнувајќи се на пакетот барања кои партиите на Албанците ќе ги стават на маса за преговори со победникот.

Тука се мисли не само за уставните промени за внесување на Бугарите во Уставот туку и на начинот на избор на претседател на државата во Собранието.

Селмани не сака да прејудицира кој ќе победи, но смета дека ќе имаме Влада која ќе биде резултат на компромиси и дека нема да биде исто пред и после изборите.

Во емисијата Клан дебата со Љубиша Николовски, Селмани порача дека новата Влада мора да спроведе реформи, да ја врати довербата во правосудниот систем, ефикасни инситуции, платите да ги доближи до најмалу 1000 евра.Во спротивно, ако изгубиме уште 4 години а не направиме ништо , ние ќе станеме држава на зрели и стари луѓе.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share